Странските кошаркари масовно се враќаат во Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Кина е уште најзагрозената држава од коронавирусот, сепак таму почнаа работите полека да се нормализираат.

Наскоро во Кина ќе продолжат и спортските активности. Прво би можело да почне кошаркарското првенство, откако странските кошаркари ќе поминат двенеделен карантин.

Кошаркарите масовно се враќаат во Кина, па досега Реј МекКолум, Кајл Фог, Сони Вимс и останатите играчи пристигнаа во своите клубови.

Организаторите на кинеската лига соопштија дека кошаркарите, кои нема да се вратат и нема да го испочитуваат договорот ќе добијат забрана за играње во лигата во следните три години.