Страшно: Ламело Бол ја скрши раката и тоа значи крај на сезоната!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем проблем за најталентираниот од браќата Бол. Младиот играч на Шарлот хорнетс, Ламело Бол ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Кошаркарот кој беше во конкуренција за наградата дебитант на годината се повреди по еден пад во саботниот натпревар против Лос Анџелес Клиперс.

По прегледот било откриено дека станува збор за скршен зглоб на раката, но уште не е потврдено дека нема да го гледаме до крајот на сезоната, иако делува дека ова е крај на сезоната за него.

Бол беше избран како трет пик на НБА-драфтот пред сезоната и во моменотв е прв фаворит за освојување на наградата, а во просек постигнуваше по 15,9 поени, 6,1 асистенции и 5,9 скокови по натпревар.