Страв во Мадрид: Ќе ја направат ли истата грешка како Барселона со Меси?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси е решен да ја напушти Барселона, па секој ден пристигнуваат нови информации од Шпанија. Клубот сака по секоја цена да го задржи, а подготвени се да му дадат и нов договор, иако Аргентинецот има намера да го напушти каталонскиот гигант.

Навивачите тешко ќе им простат на Каталонците, доколку Меси си замине од Барселона, а како што стојат работите, слична ситуација би можела да се случи во Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ не успеаа да се договорат со капитенот Серхио Рамос за продолжување на соработката.

Неговиот актуелен договор завршува следното лето, па има уште една цела година за преговори за да се пронајде заеднички јазик. Проблемот е тоа што Рамос сака договор на нови две години со шпанскиот шампион, додека Реал му нуди соработка само на уште 12 месеци.