Струга бескомпромисно продолжува – падна и Тиквеш за „пет од пет“ (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Струга Трим Лум ја продолжи низата победи во Првата македонска фудбалска лига, освојувајќи ги трите бода на домашен терен со убедливо 3:0 против Тиквеш во петтото коло.

Првото полувреме се карактеризираше со теренска доминација на домаќините, кои постојано вршеа притисок кон голот на противникот од Кавадарци. Наградата стигна во 40. минута, кога најдобриот стрелец на лигата, Басиру Компаоре, беше прецизен од белата точка и Струга поведе со 1:0. Веднаш потоа, Шабани можеше да резултира со уште еден гол, но на пауза се замина со минималната предност.

Во второто полувреме, доминацијата на црвено-белите продолжи. Компаоре повторно беше на висина на задачата, овој пат со глава во 58. минута, постигнувајќи го својот седми гол сезонава и зголемувајќи ја предноста на својот тим на 2:0.

Тиквеш не успеа да се врати во игра, а конечните 3:0 ги постави Марјан Радески во 79. минута, запечатувајќи ја убедливата победа на домаќините.

По пет кола, Струга Трим Лум продолжува да биде на исто ниво со Силекс на врвот на табелата, достигнувајќи максимални 15 освоени бодови.

Фото: Facebook/F.C. Struga