Струга ТЛ го преживеа Жалгирис во Литванија


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Македонскиот првак Струга ТЛ одигра 0-0 против фаворитот Жалгирис во Литванија во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Ведран Ќосевски беше одличен на голот на Струга ТЛ и запиша неколку одлични одбрани со кои ја зачува мрежата на македонскиот прволигаш.

Струга ТЛ имаше неколку шанси до крајот на мечот и за победа, меѓутоа Жалгирис успешно се одбрани и мечот заврши нерешено (0-0).