Струга ја декласира Македонија ЃП, Шкендија Арачиново го шокира Пелистер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денес се одиграа осминафиналните натпревари од Купот на Македонија. Струга постигна најзначајна победа, совладувајќи ја Македонија Ѓорче Петров на гостински терен со импресивни 5:0.

Тимот на Шкендија Арачиново приреди изненадување, освојувајќи минимална победа од 1:0 на стадионот во Сингелиќ против Пелистер. Овој резултат дополнително ја влошува кризата на битолскиот тим, кој во домашното првенство има загубено шест од девет одиграни натпревари.

Од друга страна, Силекс со многу напор успеа да оствари победа со 2:1 при гостување во Куманово против упорниот Башкими.