Студира право и игра аматерски фудбал: Дојдов во соблекувалната и ми рекоа – ти ќе го чуваш Ибра!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ вчера заигра во дресот на Милан во пријателскиот меч против нисколигашот Роденсе, кој „росонерите“ го добија со неверојатни 9-0.

Искусниот 38-годишен напаѓач на „Сан Сиро“ стигна како слободен фудбалер, откако му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси. Ибра вчера доби шанса за игра и успеа да постигне еден гол и една асистенција.

Швеѓанецот го чуваше Филипо Венца, кој до пред неколку дена не ни можел да сонува дека ќе биде на ист терен како неговиот идол од детството.

„Од секогаш Ибрахимовиќ и Дел Пиеро ми беа омилени. Вчера дојдов на мечот, а кога тренерот ми кажа дека треба да го чувам Златан, јас не можев да верувам. Добро помина и го добив неговиот дрес“, открива момчето.