Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид по репрезентативната пауза на домашен терен ќе игра против Барселона, а во центар на внимание дефинитивно ќе биде Луис Суарез.
Уругваецот минатото лето против своја желба ја напушти Барселона, откако тренерот Роналд Куман му соопшти дека нема да смета на него.
„Нема да го прославам голот против Барселона поради почит кон своите поранешни соиграчи и клубот кој ми овозможи многу работи. Тоа е посебен меч, зашто ќе играм против своите пријатели, но ќе го бранам дресот на Атлетико“, кажа Суарез.
Куман покажа дека е голем господин затоа што кажа дека не му е лут на Куман и дека имале професионален однос.
„Имавме професионален однос. Ми кажа преку телефон дека нема да смета на мене, но дека можам да тренирам со екипата“, вели Суарез.