Суарез испрати порака откако почина неговиот сонародник (Фото)

Фудбалерот на Насионал, Хуан Изкиердо почина во болница во Сао Паоло, откако колабираше на терен минатата недела на дуел од Копа Либертадорес.

Денеска тагува цела Јужна Америка, а пристигнуваат пораки од голем број тимови, но и од искусниот напаѓач Луис Суарез.

„Болка, тага, тешко ми е да опишам. Почивај во мир, сочувство до твоето семејство и пријателите“, напиша Суарез.