Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид во неделата ја освои титулата во Ла Лига, а еден од најзаслужните за тоа беше Луис Суарез, кој стигна пред почетокот на сезоната од Барселона.
Каталонците решија да се ослободат од Суарез и го продадоа на директниот ривал, а тоа на крајот скапо ги чинеше. Искусниот напаѓач постигна 21 гол сезонава во Ла Лига и беше убедливо најдобар стрелец.
Меѓутоа, за многумина уште е енигма како е можно Барселона да го пушти толку лесно и на крајот речиси и да останаа без напаѓач во екипата.
Суарез сега конечно откри зошто заминал од Барселона и кој го избркал, а тоа е поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу.
„Роналд Куман ми кажа дека ако до утре не ја напуштам Барселона, тој ќе смета на мене за мечот со Виљареал. Ми беше јасно дека таа одлука доаѓа од раководството. Тогаш ми стана дека тоа е човек без карактер. Ниту Куман, ниту Бартомеу не ми честитаа, но јас им испратив мала фотографија“, вели Суарез.