Суарез ја турна раката меѓу нозете на Рудигер, а овој за малку ќе го удреше од земја! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Челси повторно направи глупост која требаше да добие барем жолт картон.

Челси на крајот победи со одличниот гол на Оливие Жиру, а Суарез во текот на целиот меч водеше голема битка со стоперот на „сините“, Антонио Рудигер.

На крајот, бидејќи не успеа да постигне гол и да се одвои од германскиот репрезентативец, Суарез во еден момент ја турна раката меѓу нозете на дефанзивецот и го штипна, а овој збесна.

Рудигер се изнервира и тргна кон Суарез, а малку недостигаше да направи поголем инцидент и да го „тресне“ Уругваецот.