Суарез сепак ќе се пресели на Апенинскиот полуостров


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако пред неколку денови излезе шпекулација дека Луис Суарез нема да го реализира најавениот трансфер во Јувентус, сепак тоа веројатно ќе се случи.

Суарез пристигнал во Италија каде во следниот период треба да го добие и италијанското државјанство пред да се приклучи на тимот на Јувентус.

Напаѓачот на Барселона имал испит по италијански јазик во Перуџа денеска, а тоа е неопходно нешто за да си го обезбеди италијанскиот пасош.

Доколку се одолговлечи процедурата за добивање на пасош, од Јувентус ќе се насочат кон другите алтернативи, Един Џеко или Оливие Жиру, но се верува дека целата работа ќе се заврши, па Суарез ќе стане дел од италијанскиот клуб.