Суарез тажен по поразот: Ова е навистина болно и загрижувачко…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вчера беше поразена со 0-2 во петтото коло од Ла Лига, а тоа е најлошиот старт на каталонскиот клуб од 1994 година.

Барселона е седмопласирана на табелата со две победи, два порази и едно реми. На Каталонците не им помогна ниту враќањето на Лионел Меси, како ниту на Луис Суарез.

„Ова е пораз кој загрижува, мораме добро да работиме на многу работи. Мораме да погледнеме околу себе и да направиме напредок. Кога почнавме со примениот гол во првите минути, тоа направи целата ситуација да биде комплицирана и не бевме доволно решителни“, вели Суарез.

Барселона освен Гранада сезонава загуби и од Атлетик Билбао, а одигра реми со Осасуна.