Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона и Ливерпул во сабота на Вембли ќе ги одмерат силите во пријателски натпревар кој и за двата тима ќе биде претпоследен во пред-сезоната.
Тогаш Луис Суарез за прв пат ќе игра против својот поранешен тим Ливерпул.
Суарез кој постигна 82 гола во 133 натпревари за Ливерпул даде интервју за официјалниот сајт на Ливерпул пред натпреварот во сабота.
„Тоа е навистина убав момент. Ќе биде интересно да се вратам таму и да играм против моите некогашни соиграчи“ – вели Суарез
Да напоменеме дека сите влезници се распродадени и овој пријателски натпревар ќе се игра пред 90.045 гледачи.
„Мислам дека за секој играч е сон да игра пред 90.000 луѓе. Ливерпул имаат сјајни навивачи, ќе биде возбудливо.“ – додава Суарез
Суарез зборува и за Ливерпул: „Сите знаеме колку Ливерпул значи во мојот живот, во мојата кариера, па дури и моето дете е родено во Ливерпул. Поминав убави години во Ливерпул, задоволен сум од се“ – зборува Суарез
„Ова е само пријателски натпревар. Дбро е што не е натпревар од европските натпреварувања. Тешко ќе беше да се игра против мојот некогашен дома во официјален натпревар. Вака, може да се ужива“ – Заврши Суарез со зборувањето за сајтот на Ливерпул