Судијата кој го исклучи Белингам добива смртни закани


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Судијата Хосе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингам во натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид, ги исклучи коментарите на Инстаграм бидејќи преку оваа социјална мрежа почна да добива закани по својот живот.

Да потсетиме, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килиан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна, која од 39. минута играше со играч повеќе откако беше исклучен Џуд Белингам.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“o, на Инстаграм се појавија повеќе илјади вербални напади на искусниот судија. Во некои од нив беа користени емоџиња со „свињи и стаорци“, но имаше и закани кон него и неговото семејство, поради што тој реши да ја исклучи можноста за коментирање.