Судија падна сред натпревар и го загуби животот (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голема драма се случуваше во 25. коло од шампионатот во Боливија на мечот меѓу Олвејс реди и Ориенте петролеро, откако мораше дуелот да биде прекинат во 47. минута бидејќи главниот судија Виктор Уго Хуртадо падна на тревникот.

Хуртадо доживеал срцев удар и поради тоа падна на тревникот, а веднаш сите притрчаа во негова помош. Итната помош експресно реагираше, но за жал немаше спас за него.

Овој 31-годишен судија почина на патот до болницата и докторите соопштија дека тоа е поради последица од инфаркт.

Мечот меѓу боливиските екипи се играше на надморска височина од дури 3.900 метри, па многумина сметаат дека тоа направило проблем кај судијата.