Судија во Чешка дојде „дрво-пијан“ на меч и стана хит на интернет (ВИДЕО)


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Неверојатна ситуација се случи во Чешка, откако на меч на младите категории меѓу Бероун и Слејни помошниот судија пристигна во алкохолизирана состојба.

Судијата Милан Шефар стана хит на социјалните мрежи, зашто многумина не можеа да веруваат дека пијан стигнал на мечот. Тој не можеше да стои како што треба, а секојпат кога ќе почнеше да трча – завршуваше на тревникот.

Публиката на стадионот одлично се забавуваше и го снимаше секое движење на судијата Шефар. Секако, набрзо по видеото арбитрот бил суспендиран и го чека жестока казна.

„Фудбалскиот сојуз на Чешка ваквото однесување го смета за неприфатливо и жестоко ќе го казни судијата поради тоа“, порачаа Чесите.