Судијата не згрешил: Фудбалерот на Саутемптон ќе му скршеше нога на Варди! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер вчера одиграа 1-1 на гости кај Саутемптон во рамки на 34. коло од англиската Премиерлига.

Домаќините останаа со играч помалку по 10 минути игра на теренот, откако Вестергард заработи директен црвен картон.

Дефанзивецот на Саутемптон направи прекршок врз Џејми Варди, а судијата откако ја погледна ВАР-снимката му покажа директен црвен картон, што предизвика незадоволство кај домашниот тим.

Вестергард прво ја удри топката, но потоа жестоко го удри Варди и напаѓачот на „лисиците“ имаше среќа што не заработи некоја посериозна повреда.

Навивачите на Саутемптон тврдат дека нивниот фудбалер беше исклучен залудно, но снимката го покажува спротивното зашто стартот на Вестергард бил брутален.