Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалски бог Диего Армандо Марадона пред два дена го напушти светот, а вчера беше погребан во Аргентина и многумина ќе го паметат по неговите успеси на фудбалскиот терен.
Марадона е еден од најдобрите фудбалери во историјата, но сите ќе го паметат неговиот гол со „божјата рака“ од 1986 година против Англија на Светското првенство.
Поранешниот фудбалер им даде два голка на Англичаните. Првиот беше со рака, а потоа го мина цел тим на Англија и ја затресе мрежата.
Судијата од натпреварот, Паоло Касарина за „Скај Спорт“ раскажа што се случило со Марадона, кој по дуелот му кажал дека морал да го постигне вториот гол затоа што првиот не бил регуларен.
„Морам да кажам нешто за Диего. Кога го постигна вториот гол откако го издрибла скоро цел тим на Англија дојде до мене и ми кажа: Морав да дадам ваков гол затоа што првиот беше нерегуларен. Тоа беше Диего, вистинскиот Диего“, кажа Касарин.