Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освојувачот на Светското првенство, Пол Погба доби намалување на суспензијата за допинг на 18 месеци од првичните четири години, соопшти Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во петок.
„Суспензијата сега е 18 месеци, започнувајќи од 11 септември 2023“, изјави директорот на ЦАС, Матје Риб.
Одлуката значи дека поранешниот француски репрезентативец ќе може да се врати на фудбалот во март 2025 година.
Погба не играше од август 2023 година, откако тестот за допинг – забранета супстанца која ја зголемува нивото на тестостерон – по натпреварот на Јувентус во Серија А против Удинезе беше позитивен.
Тој беше привремено суспендиран од страна на италијанскиот национален анти-допинг трибунал во септември 2023 година, а потоа му беше доделена четиригодишна забрана во февруари 2024.
Погба, кој има договор со Јувентус до јуни 2026, негираше било каква вина и изјави дека ќе се жали на ЦАС.
Четиригодишните забрани се стандардни според Светскиот анти-допинг кодекс, но може да се намалат во случаи кога спортистот може да докаже дека допингот не бил намерен, ако позитивниот тест е резултат на контаминација или ако обезбеди „значителна помош“ за да им помогне на истражувачите.
Погба се врати во Јувентус во 2022 година по вториот престој во Манчестер јунајтед. По враќањето во Италија имаше неколку повреди. Тој одигра 178 натпревари за Јувентус од 2012 до 2016 година.