Судот реши: Блатер и Платини не се виновни за корупција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешните главни луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини не се виновни за корупција, реши денеска швајцарскиот Суд.

Блатер кој беше на чело на УЕФА дури 17 години е ослободен од обвинението за измама и корупција во Сојузниот суд за криминал во Швајцарија.

Истиот суд донесе ист заклучок за случајот на Платини, кој е легенда на францускиот фудбал и беше на чело на УЕФА.

Истрагата против овие двајца функционери се водеше седум години, а швајцарските истражувачи не пронајдоа доволно докази за да ги осудат Блатер и Платини за проневера на два милиони швајцарски франци и давање мито во 2011 година.