Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Навивачите на Барселона немаат причина да се загрижени, Ламин Јамал сигурно ќе потпише нов договор со клубот.
Оваа вест ја потврди неговиот агент Жорж Мендеш, кој ја искористи посетата на Барселона во Лисабон за да се сретне со претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко.
Иако имаше шпекулации дека Мендеш ќе разговара со раководството на Барселона и за судбината на Ансу Фати и некои други негови играчи, Португалецот ја потврди веста само за Јамал.
„Разговаравме за Ламин Јамал и секако дека ќе потпише нов договор. Како што се договоривме, Јамал ќе потпише до 2030 година кога ќе наполни 18 години”, рече Мендеш.