Суперкомпјутерот даде прогноза за новиот шампион во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суперкомпјутерот повторно го прогнозираше шампионот во Премиерлигата, а на неговата прогноза најмногу ќе се израдуваат навивачите на Ливерпул бидејќи според него, избраниците на Јирген Клоп повторно ќе се искачат на тронот.

Веднаш зад Ливерпул ќе заврши Манчестер сити, а во топ-4 ќе има место уште и за екипите од Лондон, односно за Челси и Тотенхем.

На петтата позиција ќе биде Лестер, додека шести најверојатно ќе заврши Арсенал, па Евертон и можеби најголемото разочарување ќе го доживее Манчестер јунајтед бидејќи според прогнозата ќе заврши на осмата позиција на табелата.

Од Премиерлигата се очекува да испаднат Барнли, ВБА и Фулам.