Суперкомпјутерот го избра победникот во Лига Европа


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Арсенал и Челси на 29 мај во Баку го играат финалето во Лига Европа. Дуелот на лондонските ривали привлекува големо внимание, а суперкомпјутерот, кој се користи за прогноза на победникот го одбра шампионот.

Суперкомпјутерот смета дека титулата ќе ја освои Челси. Тој ги смета сите делови од играта и резултатите од сезонава, па според тоа „сините“ имаат 60% да го освојат трофејот, а Арсенал има само 40%.

Треба да се спомене дека натпреварот е поважен за Арсенал. Тие не успеаа да обезбедат пласман во Лигата на шампиони преку првенството, па со победа против Челси би станале петти англиски тим во елитното натпреварување идната сезона.

Дали суперкомпјутерот ќе погоди – останува да видиме во финалето, кое се игра на 29 мај.