Суперкомпјутерот предвиде кој ќе ја освои Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигата влегува во интересна завршница каде што Ливерпул, Манчестер сити и Арсенал ќе се борат за титулата.

Ливерпул е лидер во моментов со 63 бодови, Манчестер сити е втор со 62, додека Арсенал има еден бод помалку и се очекува голема драма.

Суперкомпјутерот „Бетси“ даде прогноза за крајот на сезоната и за тоа кој ќе го крене пехарот, а се очекува да биде тесно и да решава гол-разлика.

Арсенал и Ливерпул ќе имаат по 86 бодови, но „топчиите“ ќе имаат подобра гол-разлика и затоа ќе се закитат со титулата, додека Сити се очекува да заврши на третата позиција со 84 бода.