Суперкомпјутерот по 100.000 симулации го откри фаворитот за СП 2026


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Во пресрет на ждрепката за Светското првенство 2026, платформата Football Meets Data објави резултати од 100.000 симулации, а најголеми шанси за титула има репрезентацијата на Шпанија.

Според анализата, Шпанија има 22% веројатност да го освои следното Светско првенство, што е убедливо највисок процент меѓу сите селекции.

Веднаш зад неа се Аргентина со 14%, Франција со 9% и Англија со 8%. Во првата шесторка влегуваат и Бразил (5%) и Колумбија (4%), додека Португалија има 3% шанси за светска титула.