Сусо со мајсторски гол донесе минимална победа за Милан против СПАЛ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Милан стигна до првата победа под водство на новиот стратег, Стефано Пиоли откако со 1:0 го совлада тимот на СПАЛ.

„Росонерите“ одиграа уште еден блед натпревар во кој имаа теренска иницијатива, но не направија многу сериозни шанси за гол, освен во 12. минута кога Кастаљехо ја погоди стативата.

Единствениот гол падна во вториот дел, во 63. минута кога Сусо кој беше резерва на овој натпревар мајсторски погоди од слободен удар.