Сведоци на сообраќајката тврдат дека ѕвездата на Вест Хем е во „критична состојба“


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Сведоци на сообраќајната несреќа на Михаил Антонио зборуваа за ужасните сцени откако ѕвездата на Вест Хем Јунајтед морал да биде извлечен од своето возило од страна на пожарникари.

Антонио беше вклучен во несреќа во сабота попладне, а премиерлигашот Вест Хем кој ја потврди веста преку соопштение.

Подоцна беше потврдено дека Антонио бил пренесен во болница откако итните служби потрошиле речиси еден час обидувајќи се да го ослободат од возилото.

Таткото на четири деца се лекува во централната лондонска болница, а сведоците откриваат дека ја загубил контролата над автомобилот и се судрил во дрвја.

Еден очевидец откри детали за „Сан“: „Имаше други застанати автомобили и луѓе на своите телефони кои викаа Брза помош и полиција. Времето беше ужасно, дожд, ветер и беше многу лизгаво на патот. Не изгледаше како да е вклучен друг автомобил во несреќата. Изгледаше како Антонио да изгубил контрола.”