Свештениците од Неапол бараат стадионот да не се вика – Диего Марадона!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Неапол тагува по Диего Армандо Марадона, како и остатокот од светот, а во меѓувреме газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис во соработка со градоначалникот реши да го смени името на стадионот од „Сан Паоло“ во „Диего Армандо Марадона“.

На таа идеја сега се спротиставија група свештеници, кои не го даваат името „Сан Паоло“ и тие од општината бараат да се запре процесот за преименување на стадионот.

„Стадионот „Сан Паоло“ треба да се именува по светенцот кој нас ни го донесе Исус. Со понизост чувствуваме одговност тоа ви го кажеме. Би било стадионот да се вика „Сан Паоло – Марадона“. Тоа би било компромис во кој би ја почитувале верата и би оддале почит на шампион како Марадона“, стои во соопштението.