Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ансу Фати е меѓу првите играчи на кои Ханси Флик им даде до знаење дека можат да ја напуштат Барселона бидејќи на него повеќе не смета, а изгледа дека нема да му биде тешко да најде нов клуб бидејќи веќе се шпекулира за кого младиот Шпанец би можел да потпише.
Фати минатата сезона играше на позајмица во Брајтон, но по враќањето во Барселона, германскиот тренер одлучи да го задржи во тимот со оглед на добрите настапи во подготвителните натпревари.
Беше јасно уште пред неколку месеци дека за Фати повеќе нема место во каталонскиот клуб, а тоа неодамна му го потврди и Флик кој го советуваше шпанскиот играч дека најдобро е да побара нов клуб каде ќе има шанса за игра.
Фати го посакуваат неколку клубови од Шпанија, а особено се истакнуваат Севиља, Бетис и Реал Сосиедад. Сепак, не е исклучено тој повторно да замине од Пиринеите бидејќи еден клуб навистина покажа интерес и дури подготви понуда за него.
Се работи за Монако кој сака да го донесе овој 22-годишник што побрзо. Клубот од Лига 1 е подготвен да плати на Барселона меѓу пет и десет милиони евра, и Каталонците немаат ништо против оваа зделка веднаш да се договори.
Фото: Принтскрин