Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси минува низ тежок период исполнет со неизвесност, откако Велика Британија воведе санкции против актуелниот газда Роман Абрамович, а тие се префрлија и на клубот.
Во претходните денови почнаа сите да му го вртат грбот на европскиот првак, а сè почна откако англиските власти му ја замрзнаа сметката, па спонзорите почнаа да ги прекинуваат договорите.
Петок беше бурен ден за „сините“ затоа што во еден момент не функционираше ниту една нивна сметка, па се споменуваше дека може да следи целосен распад.
Меѓутоа во последните часови од вчерашниот ден пристигна вест од „Атлетик“ дека власта во Англија дала дозвола Челси да се продаде во експресен рок.
Услов за продажба е Абрамович да докаже на англиските власти дека парите од продажбата нема да ги земе, туку ќе се откаже од 1,5 милијарди евра во корист на жртвите во руско-украинската војна.
Абрамович има рок од четири недели да го заврши трансферот, а засега има неколку бизнисмени кои се заинтересирани за клубот.
The UK government has given the green light for the sale of Chelsea to resume after it sanctioned owner Roman Abramovich.
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) March 11, 2022
There is confidence a deal for #CFC could be agreed within the next four to six weeks.
More from @mjshrimper https://t.co/GLPGqhJsIO