Светот има нова ѕвезда: Алкараз има подобар старт на кариерата од Федерер и Ѓоковиќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја запиша 50. победа во кариерата, откако се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами и така ги надмина легендарните тенисери Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Алкараз стигна до бројката од 50 победи на 18 години и 10 месеци, додека на Федерер тоа му успеа на 19 години и два месеци, а на Ѓоковиќ на 19 години и четири месеци.

Побрзо од Алкараз беше неговиот сонародник и „крал на земјените терени“, Рафаел Надал, кој е најтрофеен по број на освоени гренслем-турнири.