Светската пинг-понг федерација организира меѓународен турнир во Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скопје од осми до 12 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на челенџ-турнир на Светската пинг-понг-федерација (ИТТФ) во јуниорска и кадетска конкуренција.

Откако на Балканското првенство во Скопје имаше рекорден број на учесници, поточно 12 држави, пинг-понг федерацијата на Македонија се подготвува за уште еден голем турнир.

Повеќе од 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 држави ќе учествуваат на турнирот, а се очекуваат гости од Шведска, индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Хрватска, Перу, Србија и други).

Учесниците ќе се борат за солиден фонд на награди, односно 4.000 долари плус четири врвни телефони, кои се обезбедени од спонзорите и организаторите на турнирот.

Исто така се очекува гостување на претседателот Томас Вајкарт од ИТТФ, како и претседателот Роналд Крамер од ЕТТУ, а и многу други професионални лица од светот на пинг-понгот.

Од Македонија ќе учествуваат вкупно 21 млади натпреварувачи, кои ќе се борат за титулите.