Светски шампион на 100 метри суспендиран поради бегство од допинг-тест!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американски атлетичар Кристијан Колман, светскиот шампион на 100 метри е привремено суспендиран поради кршење на правилата во борбата против допинг, поради што можеби нема да настапи на Олимписките игри во Токио следната година.

Еиницата за интегритет на атлетиката соопшти дека 24-годишниот американски спринтер е суспендиран зашто во последните 12 месеци избегал од три тестирања на допинг.

Последен пат го пропуштил тестирањето на 9 декември минатата година, а претходно на 16 јануари и 26 април 2019 година.

„Немој да ми зборувате дека сум пропуштил тест ако се прикрадувате за мојата врата. Тропнавте кога бев на пет минути далеку од куќата, купував производи од трговскиот центар, имам сметки како доказ. Не се потрудивте воопшто да ме пронајдете“, напиша Колман во своја одбрана.