Светските медиуми критичари кон Ѓоковиќ! Родик: Како да постои некоја пандемија…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во светот владее пандемијата на коронавирусот и сите медиуми го критикуваат организаторот на „Адриа Тур“, најдобриот тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ, откако беше откриено дека Григор Димитров е заболен од вирусот.

„Би-би-си“ напиша текст дека на натпреварите во Задар имало илјадници луѓе на трибините, поради што тоа било опасно во време додека во светот владее пандемија.

Француски „Л’Екип“ објави дека оваа турнеја се одвивала без никакво „социјално дистанцирање“, а тоа е основна препорака на Светската здравствена организација.

Многу експерти беа критичари на одржување на турнирот, а најмногу негативни коментари предизвика забавата во која беа сите учесници на турнирот.

„Како да владее некоја пандемија…“, напиша Родик на социјалните мрежи.