Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид на домашен терен оствари голема победа против Алавес од 3-0, па така се врати на победнички патеки, откако претходно загуби од ПСЖ со 0-1 во осминафиналето на Лигата на шампиони.
И покрај убедливата победа, навивачите се загрижени поради настапите на нивниот тим, затоа што на само неколку минути пред голот се слушаа свирежи од трибините.
Интересно е тоа што тренерот Карло Анчелоти во тој момент го подготвуваше Родриго да влезе во игра наместо Марко Асенсио, но Шпанецот постигна еврогол.
Подоцна во листата на стрелци се запишаа и Винисиус Жуниор и Карим Бензема за убедлива победа, а шпанските медиуми пишуваат за лошата игра на „кралевите“ во првите 60 минути.
Незадоволството на навивачите е уште еден доказ дека се „најлоши“ во светот, односно не се среќни кога нивниот тим има лош настап, иако Реал Мадрид е прв на табелата и го освои шпанскиот Суперкуп.