Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатиот викенд, во САД започна премиерно да се прикажува документарен филм за последната сезона на Џордан во Чикаго.
ЕСПН го прикажува “Последниот танц”, а првата епизодa има голема гледаност, особено во ова време кога Американците, како и светот, паузира со спорт повеќе од еден месец.
Поранешниот кошаркар на Хјустон Рокетс, Трејси МекГрејди зборуваше за овој документарен филм на телевизија и кажа еден многу интересен детаљ што не беше познат за пошироката јавност:
“Вечерта на драфот во 1997. година, Чикаго Булс скоро се согласија за сите детали со Рокетс за трампа на Скоти Пипен за мене. Двете страни се согласија на договорот, но на крајот, Мајкл Џордан беше оној кој стави вето на таа замена”, рече Т-Мек.
Тоа е уште еден показател за влијанието што Џордан го имал врз клупската политика на Булс, а навивачите на една од најголемите франшизи во НБА лигата можат да замислат каков крај би била оваа сезона, доколку се оствареше таа трампа.