Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Макс Ферстапен се врати во борбата за титулата, а изгледа дека тоа му претходеше на генијалното решение на Ред Бул.
Сите љубители на авто-мото спортот се восхитени на начинот на кој Ред Бул се врати во живот и како што Макс Ферстапен од „калта“ успеа да стане легитимен кандидат за титулата иако имаше заостаток од 104 поени зад Оскар Пјастри од Мекларен.
Лорен Мекис, директорот на Ред Бул, изјави дека во Сингапур сè изгледало спектакуларно, а откако завршила летната пауза – Макс не бил позициониран лошо од второто место.
Не беше доминантен на домашниот Зандворт, но во Монца, Баку и Остин ги „соборил“ на супериорен начин.
Ред Бул не зависи од конфигурацијата на патеката, ги видовме на патеките каде потисната сила е со низок интензитет, но и во Остин каде кривините главно се со средна брзина и на секоја беа доминантни.
Во Монца претставија нова основа и тоа беше голема работа, а да се сетиме дека веќе во Мајами во болидот на Јуки Цунода го тестираа тоа и видоа дека и те како можат да стекнат голема предност.
“Сето тоа е работа на филозофија. Таа покажува како нашиот тим функционира пред, за време и по тркачкиот викенд. Ги слушаме што зборуваат возачите, не обрнуваме дослепо внимание на податоците од телеметријата”, вели Мекис.
Тоа не е целата приказна, а интересен беше и коментарот на Андреа Стела (директор на Мекларен) кој рече дека Ред Бул го развива својот болид многу подолго од нив и дека тоа е тајната на успехот.
Ефектот на тлото е тема која повеќепати ја покривавме, за таа филозофија е потребно болидот да биде што поблиску до асфалтот и суспензиониот систем да биде поцврст за да се извлече најголема перформанса.
Над 60 проценти од потисната сила се должи на дното на болидот, а кога истото е спуштено се добива „вшмукување“ во ефектот на тлото кој е појак, а во комбинација со рабовите на дното се подобрува струењето на воздухот и истиот „се задржува“ под дното за да се задржи добар баланс на притисокот.