Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот фудбалер Душан Тадиќ жали поради промашениот пенал во натпреварот против Рома, кој го загуби Ајакс со 1-2.
Тадиќ имаше шанса од пенал во 53. минута да зголеми на 2-0, но промаши пенал и така стана трагичар за тимот од Холандија.
„Ова ме боли, дали би можел да заплачам? Секако дека би можел, фудбалот е емоција. Секако дека требаше да биде 2-0. Не очекував дека ќе промашам, но потоа имавме доволно шанси да постигнеме гол. Ги промашивме и пристигна казната. Го заслуживме тој резултат, но ова е добра лекција. Мора следната недела да победиме во реваншот“, вели српскиот фудбалер.