Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ајакс беше поразен со убедливи 1-6 од Наполи во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а по добро мечот нема да го памети српскиот капитен Душан Тадиќ.
Тадиќ доби жолт картон во првото полувреме поради лош старт, а ситуацијата дополнително ја искомплицира кога во завршницата од дуелот беше исклучен.
Судијата му покажа втор жолт картон, откако Тадиќ во жесток дуел ненамерно го удри македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со лакт во лицето.