Таеквондистите од Охрид ја започнуваат есенската натпреварувачка сезона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Таеквон-до “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов ќе земе учество на меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир за деца до 14 години кој ќе се одржи на 05.10 2019 год. во Плевен соседна Бугарија.

На турнирот од „ХВА РАНГ ИТФ“ ќе настапат со шест натпреварувачи за кои ова ќе биде ново одлично искуство.

„На турнирот ќе настапиме со 6 натпреварувачи, овој натпревар е одличен за започнување на есенската натпреварувачка сезона, посебно што е само за деца до 14 години, па ќе биде одлично искуство за нив, кои веќе ги пратат стапките на повозрасните натпреварувачи и ветуваат дека ќе имаме уште една силна генерација натпреварувачи. Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво“ – изјави Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ .