Таеквондистот Георгиевски освои бронзен медал во Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Бугарија Опен“.

Георгиевски стигна до полуфиналето, каде што не можеше да се бори против Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата коска поради повреда.

„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница“, соопштија од таеквондо федерацијата на Македонија.