Таеквондситите од Охрид на силни турнири во Словенија и Босна и Херцеговина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Викендов што доаѓа Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид во скратен состав ќе учествува на “17 Љубљана Опен” традиционално еден од најјаките Таеквон-до ИТФ турнири за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко.

Клубот под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан ќе учествува на овој престижен турнир во скратен состав додека наредниот викенд во поголем состав ќе учествува на Гран при турнирот во Зворник Босна и Херцеговина.

Од клубот изразуваат најголема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”кој e најзаслужен за сите нивни учествувања на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси ,како што беше успехот од последното Европско првенство во Римини Италија ,каде Давид Крстески на само 11 години освои бронзен медал и со тоа се запиша како најмлад спортист од нашата држава кој освоил медал од Евроспко првенство.

Исто така од клубот го најавуваат нивниот турнир на 22 јуни 2019 во СРЦ “Билјанини извори”, каде ќе имаме можност да ги гледаме нашите шампиони и да уживаме во убавините на овај спорт