Тага на „Олд Трафорд“: Сити му покажа на Јунајтед кој е главен во Манчестер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити го понижи градскиот ривал Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3-0 и така го задржа чекорот со лидерот Тотнем.

Хојлунд направи голема глупост во првото полувреме, иако одлуката на судијата да покаже на белата точка ги налути навивачите. Одговорноста ја презема Ерлинг Халанд и погоди за водство од 1-0.

Халанд беше стрелец и на вториот гол откако го матира Онана кој беше расположен на голот на „ѓаволите“, но не можеше сè да одбрани.

Третиот гол беше дело на Фил Фоден, кој ја искористи асистенцијата на Халанд и ги постави конечните 3-0.