Тага: Почина фудбалерот од Лајковац кој го удри гром


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Драгиша Савковиќ (37), фудбалер на Цер од Петковица кој во неделата, за време на натпревар беше удрен од гром, почина во Ургентниот центар. “Информер” јавува дека момчето подлегнало на повредите.

Драмата се одвивала околу 18 часот на стадионот на Раднички во Клубаци крај Лозница, кога гром удрил во центарот на теренот за време на пријателски натпревар против Цер од Петковица. За жал, несреќниот Драгиша Савковиќ се нашол на удар и не успеал да се опорави од тешките повреди.

– Громот удри точно во центарот. Кога се свртев, видов десетина играчи како лежат на земја. Сите кои беа свртени кон местото на ударот паднаа – опиша Драган Јериниќ, судијата на тој натпревар, она што се случило.

Фото: Принтскрин