Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тажни вести пристигнуваат од Италија, каде што фудбалерот Џузепе Рица почина на 33-годишна возраст. Момчето кое ја мина младинската школа на Јувентус долго време се бореше за живот, откако доживеа мозочен удар.
Докторите водеа борба еден месец за неговиот живот, но на крајот таа битка беше загубена, а од него се прости поранешниот соиграч Џорџо Кјелини.
Рица од младинските категории на Јувентус замина во Јуве Стабија, а потоа беше вратен во „Старата дама“ за 50.000 евра, но заедно со уште неколку млади фудбалер потоа кариерата ја продолжи во Ливорно, па не одигра ниту еден меч за сениорскиот тим на Јувентус.
Ciao Peppino, ci mancherai. #GiuseppeRizza pic.twitter.com/JtYJrxeft3
— Giorgio Chiellini (@chiellini) July 6, 2020