Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот на младинските состави на Брага и Бенфика заврши минута ипол пред крајот, зашто тренерот на гостите му рекол на четвртиот судија дека еден од неговите фудбалери останал без мајка, која починала во сообраќајна несреќа.
Младиот фудбалер на Брага, Давид Вајга за секунда доживеа вистински шок. Тој со своите соиграчи гостуваше кај Бенфика, а неговите родители решиле да дојдат да го гледаат, но никогаш не стигнале на мечот.
Според информациите од клубот, неговата мајка Сандра починала во сообраќајна несреќа, додека татко му е во болница во критична состојба.
Брага неколку минути пред крајот губеше со 2-4, а тренерот Артур Хорхе ја дознал тажната вест и во солзи им кажал на судиите што се случило.
Главниот судија досудил крај, а екипата застанала покрај младото момче.
Um Gverreiro NUNCA caminhará sozinho ?
Esta é para ti, David Veiga! pic.twitter.com/zutQByYnJw
— SC Braga (@SCBragaOficial) April 7, 2019