Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диего Марадона јуниор се обидува со сите сили да ја напушти болницата во која е сместен поради ковид-19 за да може да присуствува на погребот на татко му.
Пред неколку дена синот на Марадона заврши во болница поради влошена здравствена состојба предизвикана од ковид-19, а сега и лошите вести на татко му дополнително го погодија.
Синот на Марадона поради тоа почна итна постапка да биде пуштен од болницата во Неапол. Тоа го направи веднаш откако дозна дека татко му починал.
Меѓутоа, прашањто е дали ќе успее во тоа со оглед на фактот дека е заразен со ковид-19 и во моментов е на лекување во болница.