Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полицијата соопшти дека познатиот голфер Тајгер Вудс доживеа сообраќајка кога неговиот автомобил се превртел блиску до Лос Анџелес.
Најновите информации се дека неговиот живот не е загрозен, а при инцидентот заработил тешки повреди на десната нога.
На снимката која ја објавија американските медиуми се гледа неговиот автомобил кој е смачкан, а посебно неговиот преден дел.
Ова го истакна и полицијата во Лос Анџелес, која порача дека Вудс имал среќа што воопшто останал жив при оваа несреќа.
Голферот бил врзан со сигурносен појас во моментот на несреќата, па воздушните перничиња се отвориле и спречиле посериозни повреди.