Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коронавирусот го нападна спортот без милост, а поради пандемијата која е прогласена во светот, многу фудбалски натпревари беа одложени, првенствата се одложени, а некои се играат пред празни трибини.
Во Италија првенството е прекинато до април, во Шпанија ќе се игра без навивачи, а слично е и во Германија, а сега на ред дојде и Англија.
Властите во Англија решиле да донесат одредени мерки, кои наскоро ќе треба да бидат објавени во јавност. Наместо одложување, Премиерлигата ќе продолжи да се игра, но без присуство на публика.
Исто така, сопствениците на сезонските и останатите билети за одредени дуели ќе добијат бесплатни преноси за да ги следат натпреварите.